Вселенската станица која може да се сруши во нашето соседство содржи отровни хемикалии

kineska-vselenska-stanica-toksicna-1.png

Кинеската вселенска станица „Тиангонг-1“ која што неконтролирано паѓа кон Земјата, би требало да влезе во нашата орбита во следните три месеци. Експертите сега предупредуваат дека станицата содржи отровни хемикалии.

Експертите предупредуваат за токсични елементи на вселенската станица која што моментално сите вселенски агенции ја следат и предвидуваат каде може да се сруши. Најверојатно е дека делумно ќе изгори за време на влегувањето во Земјината атмосфера, но се очекува од 10% до 40% од деловите да го издржат судирот и да паднат на Земјата.

Според податоците на кинеската вселенска агенција, просечнта орбита на „Тиангонг-1“ паднала од 289,1 километри на 281,3 километри од декември 2017-та година. Европската вселенска агенција најпрвин објави дека падот на станицата се очекува на 12-ти јануари, а сега го променија распоредот и соопштија дека падот е можен од 17-ти март до 21-ви април.

Сепак, од таму велат дека луѓето не треба да се грижат поради остатоците, затоа што шансата да бидат погодени од нив е милион пати помала од шансата да добијат џекпот.

„Во историјата на вселенските летови не е забележано дека некое лице било повредено од остатоци на летала кои што влегле во атмосферата. Само едно лице добило удар, но не било повредено“, соопштија од калифорниската корпорација Aerospace Corp.

Кога е во прашање местото каде што се очекува да паднат остатоците на кинеската вселенска станица, вклучени се Шпанија, Италија, Индија, САД, како и земјите од нашето соседство, Грција и Турција.

Контакт со станицата нема од 2016-та година, а истата била напуштена уште во 2013-та година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top