„Вселенски“ еко хотел во подножјето на глечер во Норвешка

vse.jpg

Норвешките архитекти го претставија проектот за изградба на хотелот “Арктик” кој комплетно ќе ја користи сончевата енергија за нормално функционирање. Хотелот ќе биде лоциран во подножјето на глечерот Свартисен, вториот по големина глечер во Норвешка. Благодарение на материјалите за градба и специјалниот дизајн, хотелот ќе троши 85% помалку електрична енергија од обичен хотел.

Отворањето на супер-еко-пријателскиот хотел во стилот на вселенски брод е планирано во 2021 година. Основата на хотелот ќе се гради со потпорници директно на водата. Во текот на градбата се планира да се искористи голема количина дрво, а на покривот ќе има многу соларни панели кои ќе генерираат електрична енергија. Материјалите и специјалниот дизајн ќе ја намалат годишната потрошувачка на енергија за 85% во споредба со конвенционалните хотели.

Дизајнот на хотелот е дело на архитектите Snøhetta.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail