Втор конгрес за хематологија во Скопје

hematologijaaa.jpg

Втор конгрес за хематологија ќе се одржи од денеска до 20 април во Скопје, во организација на Македонското здружение за хематологија.

На конгресот ќе учествуваат околу 25 еминентни експерти од Европа и Америка, а најавена е посетеност на повеќе од 100 здравствени работници од Македонија.

Програмата на конгресот е дизајнирана да биде стимулативна и интерактивна, со едукативна содржина со цел да се подобри раната дијагностика и исходот од третманот на пациентите со хематолошки малигнитети, преку едукација на здравствените работници за бенефитите на најсовремената терапија за хронична лимфоцитна леукемија и индолетни лимфоми, како и поволностите од овие терапии за пациентите и за здравствениот систем.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail