Втора генерација ученици во проектот 20-20-20

0.png

Денес почна школската година за втората генерација ученици во специјализираната ЕВН паралелка во СЕТУ „Михајло Пупин“ – Скопје. 21 ученик официјално седнаа на клупите во специјалниот кабинет, оформен за потребите на проектот „20-20-20“.

По повод првиот училишен ден на сите ученици од средното електротехничко училиште, им се обрати Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија г-дин Штефан Петер. Тој им порача дека направиле добар избор за училиште каде што ќе го стекнат своето образование и им посака успех во школувањето.

„Овие ученици денеска инвестираат во нивната иднина. Тие одлучија да научат да работат, а да научиш како се работи денес, значи подобра иднина утре. За три години ќе ги вработуваме како електромонтери, но ова не значи дека ќе останат на таа позиција цел живот. Тие може да напредуваат во кариерата и да продолжат како специјалисти и проект инженери или пак еден ден да станат и технички директор на ЕВН. Се е возможно.“ порача Претседателот на Управниот одбор, г-динот Петер.

Благодарност до ЕВН за поддршката што ја дава на училиштето и проектите кои се реализираат заеднички, изрази директорот на СЕТУ „Михајло Пупин“ Димитар Ѓорѓиев.

Првата генерација ученици од проектот „20-20-20“ успешно ја заврши годината. Тие ќе продолжат да се образуваат и да ја следат наставата во училиштето и да посетуваат практикантска работа во ЕВН Македонија.

Со проектот „20-20-20“ е планирано дваесетина средношколци од секоја генерација кои ќе покажат најдобар успех и ќе стекнат најмногу знаење, ќе добијат можност за вработување и загарантирана нето месечна плата од 20.000 денари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top