Второ издание на „Алшар – Допри го сонцето“ на 9, 10 и 11 јуни

4da06b4d1e26691ff46d67a7ba8f9e38_XL.jpg

Од 9 до 11 јуни годинава по вторпат се организира настанот „Алшар 2017 – Допри го сонцето“. Со тоа овој во 2016 година најпосетен настан за планински велосипедизам, планинарење и планинско трчање веќе станува традиција која ја негува клубот „Тиквешки точкаџии“.

Настанот започнува во петок, 9 јуни, со пристигнување на учесниците на Мрежичко, а во наредните два дена ќе има најразлични содржини. Во петок во 20 часот ќе се оджи концерт на КУД „Тиквеш“ – Кавадарци, како и на групата „Трио гранде“. Во сабота, 10 јуни, ќе биде подигнат Кампот „Алшар 2017“, дефиле и возење кросмотори и теренски возила по патеките на Алшар 2017, потоа посета на Темната пештера, а во вечерните часови настап на диџеј Славе Келешовски, премиерна проекција на „Време за кавадаречки хумор, време за лакрдиите на Паја“, продукција на РТК.МК и настап на „Смоук шејкерс“. Во недела, 11 јуни, во 10 часот ќе започне Големата велосипедска тура, по што ќе бидат организирани и другите планирани тури, како и Планинарско маратонско трчање.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail