Вулканот кај Косел ќе се промовира како атрактивна туристичка дестинација

kosel.jpg

Овој проект е во рамки на Програмата за подобрување со управувањето на заштитените подрачја, финансирана од Европската унија, а имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Овој проект предвидува подигнување на степенот на заштита на таа природна реткост со активно вклучување на локалната заедница, а во насока на негова промоција како атрактивна туристичка дестинација. Планирани се повеќе активности во рамки на проектот во насока на популаризација на локалитетот, за негова поголема посетеност, како од туристите така и од ентузијастите и експертите од областите геологија, географија, сеизмологија, екологија и слично.

Дувалото или како што локалното население го нарекува вулканот кај Косел, претставува активна поствулканска појава, со минијатурен кратер со пречник од половина метар и длабочина од 30 сантиметри. Дувало претставува последен знак на изумирање на некогашна вулканска активност во регионот и претставува еден од ретките слични феномени во овој дел на Европа. Токму тоа беше причина во 70-те години Собранието на општина Охрид да му додели статус на природна реткост.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail