Windows 10 е се уште бесплатен за оние кои имаат потреба од асистивни технологии

mswindows2_2040.0.0-32t098i0a8ifshq2tc0iyo.jpg

Иако промоцијата на Microsoft која дозволуваше бесплатна надградба на оперативниот систем од Windows 7 или 8.1 на Windows 10 заврши уште во јули, компанијата не ги има целосно затворено вратите за бесплатна надградба.

Имено, сите оние кои имаат потреба од користење на помошни и асистивни технологии, како алатката за зголемување на екранот или нарација на прикажаниот текст и понатаму можат да ја искористат понудата за бесплатна надградба.

Microsoft не вложува напори во проверка дали навистина имате потреба од овие технологии и потреба за алатките, што значи секој може да ја искористи понудата и да заштеди 120 долари за домашната едиција, односно 200 долари за професионалната. А дали тоа е етички е веќе друга тема…

Од направата која има Windows 7 или 8.1 посетете го сајтот за бесплатна надградба за корисници кои користат помошни технологии и кликнете на копчето Upgrade Now. Потоа, кликнете на штотуку преземаната извршна датотека и следете ги чекорите за бесплатна надградба.

Во моментот сеуште нема никакви информации за тоа до кога би била оваа промоцијата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail