YouTube ќе забрани објавување опасни шеги и предизвици

youtube-e1531485418900.jpg

YouTube ќе забрани објавување видеа на кои се прикажани опасни или емоционално вознемирувачки шеги и предизвици. Одлуката беше донесена откако некои предизвици и шеги објавени на оваа платформа резултираа со смртни случаи или повреди. Челниците на YouTubе сметаат дека ваквиот тип видео сoдржини не би требало да биде достапен на тој канал.

YouTube е мрежна услуга за размена на видеа на која корисниците можат да поставуваат и да прегледуваат разни видеоматеријали. Регистрацијата е потребна само за одредени содржини, а не и за прегледување. Според правилата за користење, забрането е поставување порнографски содржини, насилство, содржини кои поддржуваат криминални дејства, содржини со цел посрамотување и реклами.

Меѓутоа, се чини дека компанијата не е премногу строга кога станува збор за забраната за штетни содржини. Според некои извештаи, на YouTube се уште има видеа со насилство и порнографија, и покрај ветувањето од април минатата година дека ќе бидат отстранети. Затоа и многумина веруваат дека тешко ќе оди спроведувањето на новите правила за забрана на опасни содржини.

Како што велат од YouTube, отсега нема да биде дозволено објавување видеа на кои има шеги кои може да резултираат со сериозни телесни повреди, што вклучува и местенки во кои некој верува дека е во сериозна опасност, а всушност станува збор за шега. „Не дозволуваме ни шеги и местенки поради кои децата можат да бидат емоционално вознемирани во толкава мера што тоа ќе остави психички последици до крајот на животот“ додаваат од YouTube.

Челниците на платформата соработуваа со детски психолози и дискутираа за тоа што би можело да претставува долготрајно трауматично искуство. Не објавија цел список со таквите содржини, но изјавија дека еден пример за такви шеги е кога на детето му се кажува дека му умреле родителите. Понатаму, американската Асоцијација на центри за контрола на труења вели дека има зголемен број случаи на труење поради голтање пакетчиња со средство за перење алишта во рамките на предизвици кои корисниците ги објавиле на YouTube. Во последниот период се појави нов предизвик инспириран од серијалот на Netflix, Birdbox, во кој луѓето возат зо превез преку очите, што резултираше со најмалку една сообраќајна незгода.

извор: иновативност.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail