За 250 долари месечно, можете да прислушувате туѓи разговори

mobile-phones.jpg

Мрежите на кои се поврзуваме денес преку нашите телефони, делуваат прилично безбедно, од едноставна причина што нив ги менаџираат операторите. Сепак, многу стручни луѓе од областа веќе подолго време предупредуваат дека мрежите не се безбедни и дека хакерите можат многу лесно да пресретнат SMS пораки, а дури и повици. Всушност, отсега и вие можете да го направите тоа, доколку сте подготвени да платите 250 долари месечно.

Ова го овозможува веб сајт на Tor Hidden Service. Тоа може да се направи на сајтот zkkc7e5rwvs4bpxm.onion, на кој ќе мора да пристапите преку Tor.

Овој сервис овозможува пристап до локацијата и IMSI броевите на телефонот за 150 долари, пристапност до SMS пораки и повици за 250 долари, односно целосен пристап за 500 долари. За оние кои сакаат да почнат свој сервис за шпионирање на мобилната телефонија, треба да платат 5.500 долари, со кои добиваат целосен пристап до SS7 портата која ја користат „приватните“ мобилни мрежи.

Во моментов веќе има неколку поплаки од корисници на овој сервис кои велат дека не функционира и покрај тоа што платиле за да го користат, а има и такви кои велат дека не добиле никаков одговор од администраторот на сајтот наречен Interconnect0r. За The Verge, тој пак изјавил дека сите кои платиле наскоро ќе добијат пристапност, но дека сајтот ќе биде со ограничена достапност.

Начинот на кој пак овој сервис може да пристапи до SS7 мрежата која ја користат мобилните оператори, според Interconnect0r е многу едноставен ако наидете на вистинските информации и дека многу различни сервиси веќе го користат истиот начин за да пристапат до овие мрежи.

Сето ова фрла голема сенка на приватноста на корисниците. После честите вести за прислушување од страна на властите во најразлични земји, сега треба да се грижиме и дека некој „хакер“ може да пристапи до нашите информации. Да се надеваме дека слабостите на SS7 мрежата ќе бидат отстранети и дека наскоро ќе се работи на нов протокол.

Извор: The Verge, Hack Read

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail