За да заработите на Јутјуб, ќе мора да надминете 10.000 прегледи

youtube1.jpg

За да заработите од својот Јутјуб канал, ќе мора да надминете 10.000 прегледи на самиот канал, а причината за тоа е „заштита на квалитетните автори и нивните видеа“, соопшти компанијата на својот блог.

Новите правила се однесуваат и на Јутјуб Партнер програмата за огласување. Наредниве неколку недели ќе се промени начинот на валидација за оние кои се пријавуваат за огласување на своите видеа. Проверките за запазување на правилата, исто така, ќе бидат построги.

Во моментот кога еден канал ќе достигне 10.000 прегледи, огласите ќе почнат автоматски да се прикажуваат.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail