За многумина е омилен продукт но докажано го зголемува ризикот од рак на гради

juh.jpg

Средовечните жени кои неделно јадат три кришки сланина имаат поголеми шанси за заболување од рак на дојка, покажало новото истражување.
Научниците од Универзитетот во Глазгов на истржувањето спроведено на поголем примерок утврдиле дака жените во менопауза кои конзумирале 9 грама месни преработки дневно, што е еквивалент на две колбаси неделно, биле за една петина посклони кон развојот на рак на дојка.
Истражувањето опфатило примерок од 260. илјади жени, а резултатите покажуваат дека жените кои јаделе и’ помало количество процесиуирано месо и понатаму 15% се поизгледни кандидати за рак на дојка од жените кои од тоа апсолутно се откажале.
Добра вест е дека овие заклучоци не се однесуават на помлади жени, туку само на оние на средна возраст.
Научниците веруваат дека проблемот е во нитритите и солите кои се наоѓаат во преработеното месо, а кои можат да бидат причинител за појава на тумори.
Уште пред две години Светската здравствена организација предупредила дека преработеното месо има скоро исто влијание на развојот на ракот како и цигарите, азбестот и труењето со арсен, пренесува Daily Mail.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top