image002.gif

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Фармацевтски факултет – Скопје распишува оглас за пријавување на кандидати за специјализации по следниве гранки на специјализација:

А. Државни специјализации

– Испитување и контрола на лекови          1 место

– Токсиколошка хемија                                 1 местo

– Фармацевтска технологија                        2 места

– Санитарна хемија                                       4 места

 

 

Б. Приватни специјализации

– Испитување и контрола на лекови          7 места

– Клиничка фармација                                  2 места

– Токсиколошка хемија                                 3 места

– Фармакогнозија                                          3 места

 

Заинтересираните кандидати согласно член 141 од Законот за здравствена заштита треба да ги исполнуваат следниве услови: завршена пробна работа, положен стручен испит и  лиценца за работа.

Кандидатите заедно со барањето за специјализација треба да ја достават следната документација:

–          уверение за завршен Фармацевтски факултет

–          уверение за положен стручен испит,

–          лиценца за работа,

–          македонско државјанство.

Документите се доставуваат во оригинал или копија заверена на нотар во архивата на Факултетот или преку пошта на следнава адреса УКИМ Фармацевтски факултет-Скопје ул. Мајка Тереза бр. 47, Скопје. Огласот трае 30 дена сметано од денот на неговото објавување.

 

За дополнителни информации:

Тел. 02-3126032/121

e-mail:[email protected]

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail