За прв пат дознавме колку пари точно заработува „YouTube“

yt.jpg

Досега никогаш не беше објавено колкави приходи остварува оваа платформа.

Платформата „YouTube“ оствари приходи од реклами во висина од 5 милијарди долари во текот на изминатите три месеци, откри „Alphabet“.

„Alphabet“, под чие покровителство се „Google“ и „YouТube“, го напиша ова во својот извештај за четвртиот квартал.

Патем, ова е прв извештај од компанијата, откако Сундар Пичаи стана извршен директор на „Alphabet“.

За прв пат по скоро 15 години, поточно, откако „Google“ ја купи „YT“, е откриено колку „YouTube“ има заработено. На годишна основа, „YouTube“ приходи од оствари 15 милијарди долари, што е околу десет проценти од вкупната заработка на „Alphabet“.

Со тоа приходите од реклами на „YouTube“ се околу една петтина од оние на „Facebook“, но, на пример, се шест пати поголеми од услугата за стримирање на игри на „Amazon“, „Тwitch“.

Во својот извештај, „Alphabet“ објави дека „YouTube“ има повеќе од 20 милиони претплатници на својата врвна услуга без реклами, како и повеќе од два милиони корисници на нејзиниот платен ТВ сервис.

Компанијата ги класифицира приходите од овие услуги под категоријата други приходи, што ги вклучува нивните мобилни телефони и паметни звучници. Инаку, „Alphabet“ оствари 86 милијарди долари.

извор: слободен печат

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail