За прв пат еден милијардер бара богатите како него да плаќаат повисоки даноци

bijl-gejts.jpg

Еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс, изјави дека би требало да плаќа уште поголем данок.

Тој апелирал на американските власти од другите милијардери да плаќаат „значајно поголеми“ даноци.

„Би требало да плаќам поголеми даноци. Платив повеќе данок отколку било кој друг, преку 10 милијарди долари, но владата би требало од поединци кои се на позиција како јас, да бараат плаќање на значајно поголеми даноци“, изјавил основачот на Мајкрософт во интервју за СиЕнЕн.

Гејтс чие богатство е проценето на 86 милијарди долари, исто така остро ги критикува реформите на даночниот закон во САД, со кои се намалени даночните стапки за големите корпорации.

„Тоа не е прогресивен, туку регресивен закон“, порача Гејтс.

Даночните реформи, покренати оваа година, наидоа на сериозни критики на бројни аналитичари, бидејќи, како тврдат, ќе се зголеми јазот меѓу богатите и сиримашните.

Според последниот извештај на американскиот Институт за политички студии, само еден процент од најбогатите домаќинства во САД ќе имаат бенефит од околу 80 отсто даночни олеснувања.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail