За прв пат Скопје – „Drum Fest 2020“ во МКЦ

Za-prv-pat-Skopje-Drum-Fest-2020-vo-MKC.jpg

За прв пат Скопје – „Drum Fest 2020“ во МКЦ

Првиот Skopje Drum Fest во Македонија ќе се одржи во МКЦ на  31.10.2020 година. На него ќе настапат следниве артисти: Виктор Филиповски, Влатко Нушев, Драган Теодосиев, Александар Ванчовски.Оpening act: Антоние Весковски! Почетокот е закажан за во  19 часот.
Влезот е бесплатен, но поради ограничениот капацитет, достапни билети можат да се подигнат на билетарата на МКЦ или да се резервираат на тел. +389 2 3115225.Настанот ќе биде проследен и со видеостриминг за сите оние кои не можат да присуствуваат на истиот.

*Фестивалот ќе биде спроведен согласно протоколот за реализирање на настани во затворен простор, билетите се строго ограничени и исклучиво за седење, а салата е соодветно приспособена за одржување на настан според сите мерки наведени во протоколот. Задолжително е носење на маска, дезинфекција и одржување растојание во текот на целиот настан.

Извор: vistina.com.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail