За прв пат во едно село во светот – Во Бабино ќе биде одбележан Светскиот ден на книгата

bainooooo.jpg

Во библиотеката „Ал-Би“ во Бабино, Демирхисарско  денеска  прв пат во едно село во светот ќе биде одбележан 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право.

Како што најавуваат организаторите, учениците од основните училишта „Гоце Делчев“ од Демир Хисар и „Браќа Миладиновци“ од село Жван симболично, преку 23 златни мисли и изреки за книгата ќе упатат порака за универзалната грижа кон книгата и продолжување на нејзината мисија како инструмент на знаењето и нејзината непобедливост пред електронската ера како медиум што ја собира меморијата на човештвото.

Одбележувањето е финансиски потпомогнато од Министерството за култура и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, а се очекува специјална порака да испрати и Ирина Бокова од УНЕСКО.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail