ПРОГРАМА

За дејствување на Здружението СТУДЕНТИ.МК од Скопје за 2018/2019 година

Визијата на Здружението „СТУДЕНТИ.МК“  е: подигнување на нивото на информирање на активната студентска популација од Република Македонија и иницирање на активности за  поврзани со поголема заинтересираност за општествени активности, студентска пракса, интернационални стипендии, конкурси, обуки, грантови за научно-истражувачка дејност како и нивно активно вклучување во креирањето на нови платформи за нивна интеграција во системите за идно вработување во Македонија.

Здружението „СТУДЕНТИ.МК“ во својата визија исто така има утврдени цели за изведување на анализи поврзани со животот,студирањето и визијата на студентската популација на Република Македонија.

Мисијата на Здружението „СТУДЕНТИ.МК“ е: оптимизирање на интересите на студентската популација на Р.Македонија  преку различни форми на информирање и иницирање на прогресивен поглед кон иднината , поврзана со работа и живот во Македонија. Наша мисија исто така е јакнење на капацитетите на студентската популација преку иницирање за нивно вклучување во различни форми на работни активности поврзани со стучна пракса во Македонија и надвор од неа.

Здружението „СТУДЕНТИ.МК“ во 2018/2019  година ќе ги реализира следниве активности:

  1. Издавање на национален студентски веб портал studenti.mk
  2. Обезбедување и дистрибуција на информации , огласи за вработување , студентска пракса, стипендии, конкурси, грантови  и студентски програми до студентите , преку веб порталот studenti.mk
  3. Поттикнување на креирање системи за поддршка на студентите на локално и национално ниво;
  4. Воспоставување и развивање на соработката со студентите и студентските организации од другите земји;
  5. Иницијативи за промоција и развој на студентска волонтерска работа во Македонија и странство
  6. Организација на семинари, предавања, работилници и обуки
  7. Спонзорирање на студентски активности и студентски организации
  8. Организирање на кампањи и културни активности иницирани од студенти или нивните организации во Македонија
  9. Поддршка и развој на проекти за студентска културна размена со странство
  10. Поддршка и обезбедување на студентска пракса во Македонија за студенти од странство