„За тело и душа“ е победник на Берлинскиот филмски фестивал

Филмот на Илдико Ењеди, од Унгарија „За тело и душа“, е победник на годинашниот Берлински филмски фестивал. Филмот на унгарската режисерка е љубовната приказна и ја освои и наградата на критиката ФИПРЕСЦИ и уште една награда.

Финскот ветеран Аки Каурисмаки освои Сребрена мечка за најдобар режисер за „Другата страна на надежта“, приказна за сиријски бегалец кој патува за Финска да бара азил.

Полската драма за мистериозно убиство „Трага“ на Агњешка Холанд освои награда Алфред Бауер за најдобар европски филм во конкуренција.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail