big-beng.jpg

Експлозијата била оддалечена од нас 10 милијарди светлосни години.

Тим на меѓународни научници ја забележаа најсилната експлозија во историјата на истражувањето на универзуот.

Таа предизвика смрт на масовен број на ѕвезди, а овој настан овозможил создавање на најсилните слики на блесок на гама зраци, кои не престануваат да ги фасцинираат астрономите, уште од нивното откритие на раните шеесети години.

До експлозијата дојде кога масовен број на ѕвезди ќе станат нестабилни, затоа што не можат да произведоат доволно енергија да се спротивстават на сопствената маса. Таа тогаш доживува колапс, под влијание на силите на сопствената гравитација, и се претвораат во неутронска ѕвезда или црна дупка. Во текот на овој процес, силните млазеви гас, се ослободуваат во универзумот со брзина на светлината.

Експлозијата била толку силна што е невозможно да се види од Земјата само со помош на двоглед, иако била оддалечена 10 милијарди светлосни години.

Должината на траење на овој феномен, изнесува од неколку секунди до една минута.

Научниците овој пат имаа можност да се подготват благодарение на тоа што во јуни 2016 година, пред експлозијата, забележан е краток светлосен блесок, кој е наречен GRB 160625B.

„Експлозијата следеше по 100 секунди, што значи дека имало доволно време да се постават телескопи во одговарачката положба“, изјави професорот Карол Мундел од Универзитетот во Бато, кој учествувал во истражувањето, пренесува B92.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail