Заборавете на минимализмот: 3 трендови во дизајнот на ентериер кои ќе владеат во 2022 година

tocka.jpg

Кога би ангажирале 5 дизајнери на ентериер да ви помогнат да го уредите вашиот животен простор, мали се шансите тие да бидат согласни околу било што.

Сепак, понекогаш и помеѓу овие професионалци се создава одреден консензус околу поединечни трендови кои се однесуваат на уредувањето на ентериерот, поради што денес можат да се издвојат оние кои се моментално актуелни во светот.

Еве кои 3 трендови ќе владеат во 2022 година:

Максимализам

Минимализмот долги години беше прв избор на дизајнерите на ентериер и нивните клиенти, но во последните неколку години нештата се променија. Сега се повторно во мода впечатливите бои, големиот број детали, репетицијата на шари и комбинирањето стилови од различни ери. За разлика од минимализмот, максимализмот изгледа поинаку во различни домови. Тоа е поради фактот што максимализмот многу повеќе им дозволува на луѓето да ја изразат својата личност преку изборот на мебел и други елементи во ентериерот.

Заобленост

Експертите за уредување на просторот се сложни дека острите агли не се во мода во последните години. Луѓето сѐ повеќе бираат заоблени парчиња мебел, пред сѐ поради тоа што тој е „полесен“ за око од претерано аглестиот мебел и пружа чувство на сигурност. Всушност, ако се запрашате дали повеќе би се релаксирале со книга во аглеста фотелја или некоја заоблена, ќе ви стане јасно зошто ова второто денес, кога многумина се и понатаму под стрес поради пандемијата, е актуелен тренд, пишува „City Magazine“.

Повеќенаменски простории

Живееме во ера на масовно работење од дома, што остави трага и на дизајнот на ентериер. Сега повеќе не е возможно секоја соба во вашиот дом да има само една до две функции.

Понекогаш е потребно да спиете, вежбате и работите во иста соба. Сепак, експертите препорачуваат да ја преместите вашата привремена (или постојана) канцеларија во трпезаријата за да имате барем уште еден простор за одмор, а еден исклучиво за најактивните моменти од вашето секојдневие.

извор: karmin.tocka.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail