Заедно во уште една балетска приказна – Еуролинк бесплатна балетска школа

EUROLINK_Baletska_Skola-620x330.jpg

Традиционално, петта година по ред, Еуролинк осигурување создава успешна балетска приказна за деца на возраст од 7 до 12 години. 50 момчиња и девојчиња и оваа година ќе имаат можност да ги изучуваат основните техники во класичниот балет, притоа развивајќи ги координацијата на движењето, слухот, чувството за ритам, елеганцијата во движењето. Балетската школа организирана од Еуролинк осигурување претставува еден од начините да се регрутира идната балетска публика, но и можност за рано насочување на деца што имаат талент да се занимаваат со сценска игра. Балетските вежби се внимателно приспособени за возраста на децата.

Родителите може да ги пријават своите деца од 7 до 14 јуни 2018 г. на електронската адреса [email protected], со испраќање на следните генералии: фотографија на детето, возраст, тежина, висина, број на балетанки, информација за претходно балетско искуство и контакт-телефон од родителот.

Летната балетска школа ќе трае три недели, учесниците ќе бидат поделени во две групи според возраста и претходното искуство, започнувајќи од 25 јуни до 16 јули 2018 г., секој понеделник, среда и петок со почеток од 18:00 и 19:00 часот, во просториите на „Булфрог Балетско училиште“ на ул. „Миле Поп Јорданов“ бр. 68, кула 12, под менторство на Горан Божинов, педагог и првенец во Македонската опера и балет.

На сите учесници ќе им биде обезбедена бесплатна балетска униформа.

Активноста е дел од платформата за Корпоративно општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, која годишно реализира повеќе активности од областа на културата, уметноста и образованието во Република Македонија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail