Facebook-Voice-e1535433061990.png

Спојувањето би требало да се случи на почетокот на следната година.

Секоја апликација ќе продолжи да постои и самостојно и да ги има своите индивидуални карактеристики, но платформата за размена на пораки ќе им биде заедничка. Идејата зад овој потег е да се подобри комуникацијата помеѓу милијардите корисници на различните апликации во сопственост на Фејсбук.

Марк Закерберг, наводно, наредил сите пораки преку апликациите да бидат криптирани од крај до крај т.е. таквата заштита значи да е невозможно било кој друг да ги пресретне пораките.

Портпаролот на Фејсбук изјави дека компанијата сака „да го постигне најдоброто можно ниво на размена на пораки, а корисниците сакаат тој процес да биде брз, едноставен, доверлив и приватен“.

„Работиме на тоа што повеќе наши платформи за размена на пораки да бидат криптирани и да се олесни комуникацијата помеѓу пријателите и семејството преку Интернет“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail