Заменете го вашиот стол со пилатес топка додека работите од дома

Zamenete-go-vashiot-stol-so-pilates-topka-dodeka-rabotite-od-doma.png

Заменете го вашиот стол со пилатес топка додека работите од дома

Во време кога милиони луѓе ширум светот се принудени да работат од дома, физиотерапевтите даваат препорака дека понекогаш треба да го замените вашиот работен стол со пилатес топка.

Пилатес топките често се препорачуваат за луѓе кои страдаат од болки во вратот и грбот. Иако многумина ќе помислат дека е тешко да се работи на топка пилатес, сепак тоа не е невозможно. Новинар во еден британски весник вели дека седењето на топката ја намалило болката во грбот што го мачела последните месеци. Најголемата причина за ова е неправилната положба на телото кога работите од дома. По две недели, бил во можност совршено да избалансира седејќи на топката покрај компјутерот, дури и додека пиел кафе. Сепак, тој признава дека на почетокот тешко можел да се фокусира само на работата.

Неговиот пример всушност открива многу повеќе за лошите навики на луѓето за време на работата. Пандемијата со месеци донесе полоша состојба, бидејќи голем број луѓе работат од дома, каде често забораваат да се движат во текот на денот.

Затоа, експериментирањето со топка пилатес навистина би било добредојдено за многумина.

Извор: vistina.com.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail