Заменик амбасадорот на Обединетото Кралство во посета на УГД

d335a46ccafcb6d32adb1610bbd0629b_XL.jpg

Заменик амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Македонија Пол Едвардс се сретна со ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев.

На средбата се разговараше за можната соработка меѓу двете институции и за работа на заеднички проекти. УГД веќе има добра соработка со британските институции и организации, а со ваквите средби се очекува тие соработки да се продлабочуваат и интензивираат.

Средбата се одржа во рамките на посетата на Едвардс на Штип, а се одржа во ректоратот на Универзитетот.

Извор: UGD Life

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top