Заминуваат во ЕУ и работат на нива од 10 до 12 часа

italija.jpg

Стотици илјади Бугари работат на „црно” и сезонски во земјоделството во Европската Унија. Ова се наведува во извештаите на синдикалците од Бугарија.

Социјалните услови и права сега се многу повеќе ограничени во споредба со 10 или 20 години порано. Официјално, Бугарите кои се сезонски работници во земјоделството, главно во земјите од таканаречената Стара Европа, се повеќе од 1.200.000 луѓе.

Според Националниот институт за статистика на Италија, странците заработуваат 40 отсто помали плати и имаат работен ден кој трае од 10-12 часот.

Исто така има докази дека пониска плата прима и привремениот персонал во Бугарија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top