Жан Митрев: Кога министрите го пиеја утринското кафе, јас ја почнував втората операција!

zan-mitrev-govor.jpg

Во Македонија се’ уште нема државна кардиохиругија – на ова забележа кардиохирургот Жан Митрев во говорот во кој откри детали за својата кариера, а кој го одржа по повод членството во Европската академија на науките, уметностите и книжевностите.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Континуирана дразба која на некој начин треба да се спречи – вака се доживува себеси кардиохирургот Жан Митрев, кој вели дека неговата кариера поминала низ големи турбуленции. Првиот македонски доктор кој направил трансплантација на срце во германска болница многупати бил исправен пред низа предизвици – од идеолошки бариери до практични проблеми. Раскажувајќи ја својата професионална приказна, докторот се сеќава дека со неговото враќање од Германија во Македонија не бил свесен дека како што вели, објавува војна на цел еден систем.

„Од демонстрации на синдикати, до непуштање на пациенти. Во еден период беше толку заострена работата па ми ја исклучија и струјата. Ќе беше катастрофа да не бев спремен, но бев бидејќи често имавме такви проблеми па сите апарати беа поврзани со батерии. Јас ја собрав цела тогашна влада и беа на лице место, но потоа имаше шпекулации дека тоа намерно сум го исценирал. Беше страшен период на Дон Кихот – често доаѓав во дилема – за кого го правам јас ова и зошто ова ми требаше. Сите проблеми беа секојдневие на оперирањето на тешко болни пациенти“.

По бројни препукувања и проблеми со политичари од разни гарнитури, кардиохирургот успева да добие простор во Државната воена болница, но открива дека до добиенот простор пристапот бил многу тежок.

„Во 2008 година имав околу 800 операции во една операциона сала, колегите од Германија се чудеа на тоа. Кога се расправав со министрите им велев дека кога го пијат утринското кафе јас почнувам со втората операцција. Тие ја гледаа славата на Жан Митрев, а сето друго им беше проблем да го разберат. После големи препукувања и напори добивме нов простор во воената болница кој беше комплетно празен, но до таму не можеше да се стигне. Пет години решававме проблем со 200 квадрати напред и 200 одзади.“

Доктор Жан Митрев пред неколку месеци на една од своите прес конференции забележа дека македонските пациенти заминуваат на операции во странство кои може да се изведат и овде, но за тоа со години веќе не може да се добие дозвола од државата.

Овој кардиохирург стана член на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите на речиси два месеца пред роденденот на Жан Митрев Клиника.

Извор: kanal77.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top