Запишан и во Библијата: “Чудотворен” напиток кој ќе Ве препороди

napitok.jpg

Во Библијата се нарекува дрво на животот, а древните Египќани први го користеле во медицински цели. Оваа драгоценост во светот на флората помага во најшироката лепеза од здравствени проблеми, а од него многу лесно можете да направите лековит напиток.

Таткото на медицината Хипократ препорачувал концентрат од маслинови листови на заболените од разни состојби. Лековитоста на маслинката се споменува во Библијата во која оваа драгоцена билка се нарекува дрво на животот, но поголемиот дел од луѓето сè уште не се целосно запознаени со лековитите моќи на маслиновиот лист кој се користи веќе 3.500 години.

Истражувањата покажуваат дека маслиновиот лист поседува антивирусни својства кои можат да делуваат подобро од фармацевтските антибиотици.

Здравствени придобивки од маслиновиот лист:

1. Го зајакнува имунолошкиот систем

2. Спечува вирусни болести како што е грипот

3. Ја олеснува болката во грлото, синуситисот и воспалението на белите дробови

4. Лекува болести како артритис, псоријаза, хроничен умор и настинки

5. Делува како антимикробен агенс за подигање на имунитетот и при лекување на рак

6. Делува антибактериски и противгабично при атлетско стапало, габички на нозе, габични инфекции и кламидија

7. Спречува остеопороза

8. Помага при слабеење

9. Го одржува менталното здравје

Маслиновото гранче е познато како симбол на мирот, па не нè чуди што чајот од маслиновиот лист делува смирувачки, опушта и благотворно делува врз општото здравје. Овој чај успешно се бори против здравствените болки предизвикани од грип, херпес, атеросклероза, инфекција на уринарните патишта, хепатитис Б и др.

Состојки за лековит чај од маслинов лист:

• 15 до 20 суви маслинови листови

• 2 до 3 децилитри вода

Постапка:

Листовите ставете ги во зовриена вода и варете ги уште 10 минути. Потоа, тргнете ја водата од оган и оставете да се излади 15 минути. По желба, додадете лимонов сок и мед за да го збогатите вкусот.

Совет: за маскимален ефект, чајот од маслинов лист консумирајте го редовно неколку седмици.

Извор: Точка

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail