Конкурс за запишување студенти на прв циклус универзитетски и стручни студии на студиските програми на Универзитет „Гоце Делчев” – Штип во учебната 2021/2022 година

 

  1. Број на студенти

На единиците на Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип во прва година на прв циклус универзитетски и стручни студии, за кои се стекнува универзитетска диплома или професионална диплома, во учебната 2021/2022 година ќе се запише следниов број студенти:

 

 

 

 

ФАКУЛТЕТИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ

Редовни во државна квота  

Износ на надоместок (ЕУР – годишно)

Редовни со кофинансирање Износ на кофинансирање (ЕУР – годишно)  

Вонредни

 

Износ на кофинасирање (ЕУР – годишно)

 

Вкупен број на студенти

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ – ШТИП 165 100/200 55 100/400 60 400 280
ШТИП
Правни студии 90 200 10 400 20 400 120
Медиумски студии и односи со јавноста 25 200 5 400 10 400 40
International Law and international relations (тригодишни студии)** / 200 30 400 10 400 40
СТРУМИЦА
Правни студии 50 100 10 100 20 400 80
ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – ШТИП 200 100/200 50 100/400 50 400 300
ШТИП
Бизнис економија 40 200 10 400 10 400 60
Менаџмент и маркетинг 40 200 10 400 10 400 60
Сметководство и ревизија 40 200 10 400 10 400 60
Менаџмент и претприемништво 40 200 10 400 10 400 60
финансии 40 200 10 400 10 400 60
ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ – ШТИП 80 100/200 20 100/400 40 400 140
ШТИП
Одделенска настава 25 200 5 400 10 400 40
Предучилишно воспитување 25 200 5 400 15 400 45
Историја и археологија ** 10 200 5 400 5 400 20
Педагогија 20 200 5 400 10 400 35

 

 

 

 

ФАКУЛТЕТИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ

Редовни во државна квота  

Износ на надоместок (ЕУР – годишно)

Редовни со кофинансирање Износ на кофинансирање (ЕУР – годишно)  

Вонредни

 

Износ на кофинасирање (ЕУР – годишно)

 

Вкупен број на студенти

ЗЕМЈОДЕЛСКИ ФАКУЛТЕТ – ШТИП 150 100/200 50 100/400 60 400 260
ШТИП
Поледелство 30 200 10 400 20 400 60
Фитомедицина – заштита на растенијата 30 200 10 400 10 400 50
Квалитет и безбедност на храна 30 200 10 400 10 400 50
СТРУМИЦА
Градинарство 30 100 10 100 10 400 50
КАВАДАРЦИ
Лозарство и винарство 30 100 10 100 10 400 50
УНИВЕРЗИТЕТСКА СТУДИСКА ПРОГРАМА – ШТИП 15 200 5 400 5 400 25
Биологија 15 200 5 400 5 400 25
МУЗИЧКА АКАДЕМИЈА – ШТИП 96 200 36 400 400 132
ШТИП
Дипломиран музички теоретичар и музички педагог. Модули:

·  Хорски диригент

·  Изведувач на народни инструменти

·  Изведувач на етно хармоника

·  Изведувач етно пејач

 

 

30

 

 

200

 

 

10

 

 

400

 

 

/

 

 

400

 

 

40

Дипломиран етнокореолог 10 200 5 400 / 400 15
Дипломиран музичар изведувач 200 400 400
·  Флејта 2 200 1 400 400 3
·  Обоа 1 200 1 400 400 2
·  Кларинет 3 200 1 400 400 4
·  Хорна 2 200 0 400 400 2
·  Труба 2 200 1 400 400 3
·  Виолина 3 200 1 400 400 4
·  Гитара 3 200 1 400 400 4
·  Соло пеење 5 200 4 400 400 9
·  Пијано 6 200 4 400 400 10
Модули:

·  Камерна музичка

·  Корепетиција

 

200

 

400

 

400

Дипломиран џез музичар 200 400 400
Џез гитара 5 200 1 400 400 6
Џез гитара (на англиски јазик) 2 200 0 400 400 2
Џез труба 2 200 1 400 400 3
Џез саксофон 5 200 2 400 400 7
Џез тапани 5 200 1 400 400 6
Џез пијано 4 200 1 400 400 5
Џез бас 3 200 1 400 400 4
Џез пеење** 3 200 0 400 400 3

 

 

 

 

ФАКУЛТЕТИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ

Редовни во државна квота  

Износ на надоместок (ЕУР – годишно)

Редовни со кофинансирање Износ на кофинансирање (ЕУР – годишно)  

Вонредни

 

Износ на кофинасирање (ЕУР – годишно)

 

Вкупен број на студенти

ЛИКОВНА АКАДЕМИЈА – ШТИП 20 200 10 400 / 400 30
ШТИП
Класично сликарство 10 200 5 400 / 400 15
Вајарство ** 10 200 5 400 / 400 15
ФИЛМСКА АКАДЕМИЈА – ШТИП 20 200 10 400 / 400 30
ШТИП
Современ танц (тригодишни студии) 10 200 5 400 / 400 15
Contemporary dance performance – тригодишни студии ** 10 200 5 400 / 400 15
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА –

ШТИП

220 200 50 400 70 400 340
ШТИП
Компјутерско инженерство и технологии 100 200 20 400 20 400 140
Компјутерски науки 80 200 20 400 20 400 120
Применета математика 20 200 10 400 10 400 40
Математика – наставна 20 200 / 400 20 400 40
ФАКУЛТЕТ ЗА ПРИРОДНИ И ТЕХНИЧКИ НАУКИ – ШТИП 125 100/200 40 100/400 50 400 215
ШТИП
Рударство 20 200 5 400 5 400 30
Геологија 15 200 5 400 5 400 25
Инженерство за заштита на животна средина 15 200 5 400 5 400 25
Дизајн на ентериер и мебел 20 200 5 400 5 400 30
Пејзажна архитектура 5 200 5 400 5 400 15
Географија 10 200 5 400 5 400 20
КАВАДАРЦИ
Индустриска логистика 30 100 5 100 15 400 50
Инженерство за заштита на животна средина 10 100 5 100 5 400 20
ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ – ШТИП 190 100/200 85 100/400 75 400 350
ШТИП
Германски јазик и книжевност* 30 200 10 400 10 400 50
Англиски јазик и книжевност* 50 200 20 400 10 400 80
Турски јазик и книжевност* 20 200 10 400 10 400 40
Македонски јазик и книжевност* 20 200 10 400 10 400 40
Италијански јазик и книжевност* 15 200 10 400 10 400 35
Француски јазик и книжевност* 10 200 5 400 5 400 20
СТРУМИЦА
Англиски јазик и книжевност* 30 100 10 100 10 400 50
Италијански јазик и книжевност* 15 100 10 100 10 400 35

 

 

 

 

ФАКУЛТЕТИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ

Редовни во државна квота  

Износ на надоместок (ЕУР – годишно)

Редовни со кофинансирање Износ на кофинансирање (ЕУР – годишно)  

Вонредни

 

Износ на кофинасирање (ЕУР – годишно)

 

Вкупен број на студенти

ФАКУЛТЕТ ЗА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ – ШТИП 360 200 260 400 140 400 760
ШТИП
Општа медицина 80 200 80 400 / 400 160
Дентална медицина 40 200 40 400 / 400 80
Фармација 40 200 40 400 / 400 80
Медицински лаборанти 40 200 20 400 20 400 80
Физиотерапевти 40 200 20 400 40 400 100
Акушерки 40 200 20 400 20 400 80
Медицински сестри/техничари 40 200 20 400 40 400 100
Забни техничари/протетичари 40 200 20 400 20 400 80
ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА – ГЕВГЕЛИЈА 380 100/200 95 100/400 110 400 585
ГЕВГЕЛИЈА
Туризам 20 200 / 400 5 400 25
Бизнис логистика 15 200 / 400 5 400 20
ШТИП
Туризам 30 100 10 100 10 400 50
Гастрономија и исхрана 30 100 10 100 10 400 50
Хотелско – ресторанска 30 100 10 100 10 400 50
Бизнис логистика 35 100 5 100 10 400 50
Бизнис администрација 30 100 10 100 10 400 50
СКОПЈЕ
Бизнис логистика 80 100 20 100 20 400 120
Бизнис администрација 50 100 10 100 10 400 70
Гастрономија и исхрана 30 100 10 100 10 400 50
Хотелско – ресторанска 30 100 10 100 10 400 50
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ – ШТИП 110 100/200 45 100/400 55 400 210
ШТИП
Мехатроника и роботика 30 200 5 400 10 400 45
Автоматика и системско инженерство 40 200 20 400 10 400 70
Електроенергетика и обновливи извори на енергија 40 200 20 400 10 400 70
СКОПЈЕ
Мехатроника и роботика / 100 / 100 5 400 5
Автоматика и системско инженерство / 100 / 100 10 400 10
Елктроенергетика и обновливи извори на енергија / 100 / 100 10 400 10

 

 

 

 

ФАКУЛТЕТИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ

Редовни во државна квота  

Износ на надоместок (ЕУР – годишно)

Редовни со кофинансирање Износ на кофинансирање (ЕУР – годишно)  

Вонредни

 

Износ на кофинасирање (ЕУР – годишно)

 

Вкупен број на студенти

МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ – ШТИП 180 100/200 90 100/400 70 400 340
ШТИП
Производно машинство 20 200 10 400 10 400 40
Индустриско инженерство 20 200 10 400 10 400 40
Мехатроника 20 200 10 400 / 400 30
Машинско инженерство 20 200 10 400 10 400 40
Информатичка технологија во машинството 20 200 10 400 10 400 40
СТРУМИЦА
Производно машинство 20 100 10 100 10 400 40
Индустриско инженерство 20 100 10 100 10 400 40
Мехатроника 20 100 10 100 / 400 30
Машински инженерство 20 100 10 100 10 400 40
ТЕХНОЛОШКО-ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ

– ШТИП

95 100/200 30 100/400 20 400 145
ШТИП
Технологија на материјали 15 200 5 400 5 400 25
Дизајн и технологија на текстил и облека 30 200 10 400 10 400 50
Прехранбена технологија 20 200 5 400 5 400 30
СТРУМИЦА
Дизајн и технологија на текстил и облека 15 100 5 100 / 400 20
Прехранбена технологија 15 100 5 100 / 400 20
ВКУПНО 2406 931 805 4142

 

*Студентите кои ќе се запишат на овие студиски програми во петти семестар можат да се определат за една од насоките: наставна или преведување и толкување, додека студентите од групата Македонски јазик и книжевност во петти семестар може да се определат за наставна или применета насока.

** Акредитацијата на студиските програми International Law and international relations, Историја и археологија, Џез пеење, Вајарство, Современ танц на англиски јазик е во тек.

 

НАПОМЕНИ:

 

Универзитетот ја организира наставата во првиот циклус на студии на соодветните единиците надвор од своето седиште, во местото каде што се врши уписот, до добивањето на диплома за освоените 180 кредити. Универзитетот го задржува правото во одредени случаи да ја организира наставата за дополнителните 60 кредити од првиот циклус на студии во седиштето на единицата, за добивање на диплома за прв циклус на студии.

Во случај на предвидените студиски програми на единиците да се запишат помалку од 20 студенти, Универзитетот „Гоце Делчев“ го задржува правото да го распредели студентот на матичниот факултет или студентот да може да одбере друга активна студиска програма на која има слободни места. Исклучок се студиските програми кои по Конкурс имаат предвидено помали квоти од 20 студенти.

 

II.  Услови и критериуми за запишување

Право на запишување на прв циклус универзитетски и стручни студии имаат кандидати со завршено четиригодишно средно образование, и тоа:

  • кандидати завршени во учебната 2020/2021 со државна матура,
  • кандидати завршени во учебната 2019/2020 без државна матура,
  • кандидати со завршена државна матура пред учебната 2019/2020,

·        кандидати со завршено образование пред учебната 2007/2008 година и не полагале државна матура, како и

  • кандидати со завршено четиригодишно средно образование (со завршена меѓународна матура).

 

При пријавување на кандидатите за запишување на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип во пријавните листови кандидатите можат селективно да ги набележат своите три можни приоритетни избори на студиски програми од различни единици кои се во рамките на Универзитетот.

 

Пример:

  1. Државна квота, Факултет А
  2. Кофинансирање, Факултет А
  3. Државна квота, Факултет Б

 

Кандидатите се запишуваат како редовни студенти финансирани од државата и редовни студенти со кофинансирање на студиите.

На прв циклус на студии можат да се запишуваат и вонредни студенти, доколку тоа го овозможува карактерот на студиската програма.

Начинот на селекција и рангирање на кандидатите ќе се врши во зависност од видот на студиските програми за кои конкурираат, и тоа:

  1. на студиските програми без проверка на знаења и умеења на кандидатите, каде што селекцијата се врши само според успехот од средното образование (успехот од средното образование за кандидатите без матура, односно успехот од средното образование и матурата за кандидатите со положена матура) кој учествува со 100%, односно по таа основа можат да се добијат најмногу 100 поени, и
  2. студиски програми со проверка на знаења и умеења на кандидатите), каде што селекцијата ќе се врши врз основа на успехот од средното образование (успехот од средното образование за кандидатите без матура, односно успехот од средното образование и матурата за кандидатите со положена матура) кој учествува со 40% (40 поени) и успехот од проверката на знаењата и умеењата на кандидатот, кој учествува со 60% (60 поени);

 

Во прилог на Конкурсот е дадена листа на студиските програми и видот на проверката на знаењата и умеењата на кандидатите (листа 1).

 

Основен критериум за селекција и рангирање на кандидатите за запишување на додипломски студии е успехот постигнат во средното образование. Во зависност од видот на студиската програма, дополнителен критериум за селекција е проверка на знаењата и умеењата на кандидатите.

Вреднувањето на успехот на кандидатите се изразува во поени. Кандидатите можат да освојат најмногу 100 поени, односно 40 поени за оние што имаат проверката на знаењата и умеењата.

 

  1. Студиски програми без проверка на знаења и умеења на кандидатите, каде што селекцијата се врши само според успехот од средното образование

 

  • Државна матура

 

  • Успех од средното образование

 

Се собираат сите оценки што се внесени во свидетелствата од сите години, добиениот збир се дели со бројот на оценките и вака добиениот среден успех се множи со 12. По оваа основа може да се добијат најмногу 60 поени.

 

  • Успех постигнат на државната матура

 

Кон оценката од секој екстерен предмет 1 и Е2) се додава перцентилниот ранг на кандидатот (изразен во проценти) поделен со 20. По оваа основа можат да се добијат најмногу 20 поени за екстерните предмети (а).

Оценката од интерниот предмет 1 и И2) кој се полагал на државната матура се собира со просекот на оценките од прва до четврта година по тој предмет. Овој резултат се дели со 2 и така се добива резултат. По оваа основа можат да се добијат најмногу 16 поени (б).

Оценката добиена на проектната задача (П) се множи со коефициент 0,8. По оваа основа можат да се добијат најмногу 4 поени (в).

 

 

 

Вкупниот успех од државната матура може да донесе најмногу 40 поени (а+б+в).

 

  • Без матура

На студиските програми каде што селекцијата ќе се врши само според успехот од средното образование (кандидати без матура), бодирањето се врши на следниов начин:

 

  • Успехот од средното образование

 

Се собираат сите оценки што се внесени во свидетелствата од сите години, добиениот збир се дели со бројот на оценките и вака добиениот среден успех се множи со 20. По оваа основа може да се добијат најмногу 100 поени.

 

  • Меѓународна матура

 

  • Успех од средното образование

Бодирањето се врши на следниов начин: се собираат сите оценки што се внесени во свидетелствата од сите години, добиениот збир се дели со бројот на оценките и вака добиениот среден успех се множи со 12. По оваа основа може да се добијат најмногу 60 поени.

 

просечна оценка Х 12 = најмногу 60 поени

 

  • Успех постигнат на меѓународната матура

 

Секоја оценка од шесте предмети кои се полагаат на меѓународната матура се множи со коефициент 1,2. Вака добиените коефициенти се собираат. По оваа основа можат да се добијат најмногу 36 поени (б).

Оценката добиена на матурската тема се множи со коефициент 0,8. По оваа основа можат да се добијат најмногу 4 поени (в).

Вкупниот успех од меѓународната матура може да донесе најмногу 40 поени.

 

2.      Студиски програми со проверка на знаења и умеења на кандидатите, каде што селекцијата се врши според успехот од средното образование (кандидати без или со матура) и проверката на знаењата и умеењата на кандидатот

 

На факултетите каде се врши проверка на знаењата и умеењата бодовите од успехот од средното образование со или без матура, поените од успехот од средното образование се добиваат според отчка 1.. Вкупниот добиен збир по оваа основа се множи со коефициент 0,4. По оваа основа може да се добијат најмногу 40 поени.

Пресметка на бодовите од проверката на знаењата и умеењата на кандидатите се врши на следниов начин:

На студиските програми со посебни специфичности селекцијата на кандидатите ќе се врши според успехот од средното образование кое учествува со 40% и со проверка на знаењата и умеењата на кандидатите, кое учествува со 60%.

Проверка на знаењата и умеењата на кандидатите се врши со бодување од 0 до 60 поени. Проверката има елиминаторен карактер. Не се рангираат кандидатите што не добиле најмалку 10 поени.

 

Кандидатите се рангираат со собирање на бодовите добиени по двата основа.

Проверка на знаењата и умеењата ќе се спроведува на следниве факултети:

А. Музичка академија Б. Ликовна академија В. Филмска академија

Г. Факултет за образовни науки (проверка на психофизички способности)

 

Начинот на проверка на знаењата и умеењата е даден во прилог на Конкурсот – Листа 1

 

  • Селекција на кандидатите

 

  1. За реализација на Конкурсот за запишување, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип формира конкурсни комисии за секоја единица. На Музичката академија, Филмска академија и Ликовната академија се формира Комисија за проверка на знаењата и умеењата на кандидатите. На Факултетот за образовни науки се формира Комисија за проверка на психофизички способности.

 

  1. Реализацијата на Конкурсот ќе ја следи Универзитетска конкурсна комисија, која се грижи за доследно почитување на одредбите од Конкурсот, дава упатства и мислења во текот на неговото спроведување, одлучува по приговорите на прелиминарната ранг-листа и донесува решение за прием.

 

  1. Рангирањето на кандидатите го врши Универзитетската конкурсна комисија.

 

  1. Конкурсните комисии на огласната табла и на веб-страницата на Универзитетот ги објавуваат поените од средното образование (среден успех) и резултатите од проверката на знаењата и умеењата на Музичката академија, Филмска академија и Ликовната академија. Кандидатот има право на приговор до Универзитетската конкурсна комисија во рок од 24 часа од објавувањето на резултатите. Во спротивно, го губи правото на приговор во натамошната постапка во поглед на објавените резултати.

 

По објавувањето на прелиминарната ранг-листа на кандидатите за запишување од страна на конкурсната комисија, кандидатот има право на приговор во рок од 24 часа. Приговорот се однесува само на технички пропусти и грешки направени при пресметувањето на бодовите и се упатува до Универзитетската конкурсна комисија преку пополнет образец на prigovori@ugd.edu.mk. Повеќе информации можат да се најдат на сајтот на Универзитетот во делот за уписи.

Решението на Универзитетската конкурсна комисија е конечно. Одлуките по приговорите се објавуваат на огласната табла на Универзитетот.

 

По истекот на роковите за поднесување на приговори и за нивно решавање, Универзитетската конкурсна комисија објавува решение за прием на студенти за секоја единица на Универзитетот одделно (конечна ранг-листа), врз основа на која се врши запишување на студенти.

 

  1. На студиските програми на кои по завршувањето на првиот уписен рок ќе останат непополнети места се врши запишување во втор и трет уписен рок.

 

  1. Доколку во првиот уписен рок при рангирањето на крајот на листата на примените кандидати има повеќе кандидати со еднаков број поени (најмногу пет кандидати) факултетот ги запишува сите вакви кандидати. Ако, пак, бројот на ваквите кандидати е поголем од пет,

 

предност имаат кандидати – добитници на награди на државни и меѓународни натпревари во области значајни за соодветната студиска програма.

Доколку во вториот уписен рок се повтори истата ситуација, се примаат онолку кандидати колку што е утврдено со Конкурсот, а предност имаат кандидати – добитници на награди на државни и меѓународни натпревари во области значајни за соодветната студиска програма. Видот и соодветноста на наградите ги утврдува факултетот – носител на студиската програма.

 

  1. Запишување редовни студенти

 

  1. Студентите во државна квота се запишуваат со плаќање надоместок во износ од 200 евра, во денарска противвредност според средниот курс на Народна банка на СРМ, студентите во квотата за кофинансирање се запишуваат со плаќање надоместок за кофинансирање на студиите во износ од 400 евра, во денарска противвредност според средниот курс на Народна банка на СРМ. Вонредните студенти се запишуваат со плаќање надомест во износ од 400 евра, во денарска противвредност според средниот курс на Народна банка на СРМ. Плаќањето се врши во четири еднакви рати на почетокот и на крајот на секој семестар, за секоја студиска година во текот на целото студирање.

 

  1. Ослободување од плаќање на партиципација за студирање во првата година од студиите во студиската 2021/2022 г. е можна за запишани во прв уписен рок како редовни студенти во државна квота на:

·        Филолошки факултет

  • студентите запишани во прв уписен рок како редовни студенти во државна квота на студиската програма Македонски јазик и книжевност,
  • првите 10 рангирани редовни студенти од прв уписен рок запишани на останатите студиски програми на Филолошкиот факултет исто така нема да плаќаат партиципација за студирање во првата година од студиите.
  • Факултет за медицински науки – најдобрите 30 рангирани студенти
  • Земјоделски факултет – најдобрите 20 рангирани студенти
  • Факултет за природни и технички науки – најдобрите 20 рангирани студенти
  • Економски факултет – најдобрите 20 рангирани студенти
  • Правен факултет – најдобрите 20 рангирани студенти
  • Факултет за туризам и бизнис логистика – најдобрите 20 рангирани студенти
  • Електротехнички факултет – најдобрите 10 рангирани студенти
  • Машински факултет – најдобрите 10 рангирани студенти
  • Технолошко-технички факултет – најдобрите 10 рангирани студенти
  • Факултет за информатика – најдобрите 20 рангирани студенти
  • Факултет за образовни науки – најдобрите 10 рангирани студенти
  • Музичка академија – најдобрите 10 рангирани студенти
  • Ликовна академија – најдобрите 5 рангирани студенти
  • Филмска академија – најдобрите 5 рангирани студенти

 

  • Членови на спортските клубови кои се дел од спортските екипи на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип ќе бидат ослободени од плаќање партиципација за првата година од студиите на прв циклус во учебната 2021/2022 г.

 

  1. Универзитетот нема да наплатува партиципација за:
  • лица без родители помлади од 26 години, доколку се невработени;
  • лица со инвалидност, согласно уредбата на Владата
  • воени инвалиди;

 

  • лица растени во домови за напуштени деца, доколку се невработени

 

Средствата за партиципација на овие лица ќе се покриваат од Буџетот на Република Северна Македонија.

 

  1. Студентите од ромска националност, кои ќе се запишат во учебната 2021/2022 година се ослободени од партиципација за прв и втор семестар согласно проектот на Владата на Република Северна Македонија.

 

  1. Припадниците на безбедносните сили, децата на загинат (во вооружени дејствија) или починат (смрт што настапила како директна последица од рана или повреда стекната во текот на вооружените дејствија) припадник на безбедносните сили, утврдени со одредбите од член 2 и член 4 од Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Северна Македонија и членовите на нивните семејства („Сл. весник на СРМ“ бр. 2/2002, 17/2003 и 30/2004 и 66 од 31.05.2007), во учебната 2021/2022 година ќе се запишуваат надвор од државната квота без плаќање кофинансирање, под услови за запишување утврдени во овој Конкурс, а нивниот број може да изнесува најмногу 10% од вкупниот број студенти на соодветна студиска програма.

Правото од претходниот став кандидатите го остваруваат при пријавувањето, со документ од Министерството за одбрана или од Министерството за внатрешни работи. Дополнително доставување документ за кандидатите кои се запишуваат во прва година не се зема предвид.

 

V.  Запишување вонредни студенти

 

  1. Како вонредни студенти може да се запишуваат кандидати кои ги исполнуваат условите за запишување и имаат потпишано изјава во која се наведува причината за вонредното студирање под целосна лична одговорност.

 

  1. Вонредни студенти се запишуваат според исти услови и критериуми како и редовните студенти, а се рангираат на посебна ранг-листа.

 

VI.  Запишување на студенти со кофинансирање

 

  1. На Универзитетот, како редовни студенти на одделните студиски програми, се запишуваат и кандидати кои ги исполнуваат условите за запишување, а поради ограничените квоти не можат да се запишат во категоријата студенти финансирани од државата.

 

  1. Студентите што се запишуваат во оваа категорија, износот утврден во глава I од Конкурсот го плаќаат во денарска противвредност, според средниот курс на Народна банка на СРМ. За студентите кои плаќаат надоместок за кофинансирање на студиите во износ од 400 евра плаќањето се врши во 4 (четири) еднакви рати на почетокот и на крајот на секој семестар, за секоја студиска година во текот на целото студирање.

За останатите плаќањето се врши во две еднакви рати на почетокот од секој семестар.

 

  1. Листата на примените кандидати во оваа категорија ја утврдува Универзитетската конкурсна комисија врз основа на ранг-листа.

 

  1. Студентите со кофинансирање при запишувањето склучуваат договор со факултетот за меѓусебните права и обврски во остварувањето на наставно-образовниот процес.

 

VII.  Кандидати со завршено средно образование во странство

 

а) Странски државјани

 

  1. Странските државјани се запишуваат надвор од квотите утврдени во Конкурсот, најмногу 20% од квотата за упис на студенти за секоја единица на Универзитетот.

 

  1. Странски студент коj аплицира да биде студент на студиските програми на Универзитетот треба да поседува: копија од потврдата издадена од Министерство за образование и наука за започнување на постапка за нострификација на дипломата од средно образование, копија од документите кои се доставени до Министерство за образование и наука за нострификација на дипломата од средно образование, лекарско уверение за психофизичка состојба издадена од лекар специјалист во државата од која доаѓа странскиот студент преведена на македонски јазик од овластен судски преведувач.

 

  1. По примањето на апликацијата и разгледување на документите од страна на Универзитетот, странскиот студент се упатува на подготвителна настава, т.е. посетување на курс за јазици, за што Универзитетот издава потврда дека студентот е студент на Универзитетот и истиот е запишан на подготвителна настава на Универзитетот.

 

  1. По завршување на подготвителната настава странскиот студент најдоцна до 1 септември ги поднесува следниве документи за упис на студиските програми на Универзитетот:
    • Сертификат А1 и А2;
    • Решение за нострификација на диплома за завршено средно образование издадено од Министерството за образование и наука;
    • Оригинални документите кои се доставени до Министерство за образование и наука за нострификација на дипломата од средно образование;
    • Лекарско уверение за психофизичка состојба издадена од лекар специјалист во државата од која доаѓа странскиот студент преведена на македонски јазик од овластен судски преведувач (не постаро од 6 месеци);
    • Уверение за кривична неосудуваност на странскиот студент издадено од орган во државата од каде што доаѓа странскиот студент преведено на македонски јазик кај овластен судски преведувач.

 

  1. На странските државјани кои се пријавуваат на Музичка академија, Филмска академија и Ликовна академија им се врши проверка на знаењата и умеењата.

 

  1. Надоместокот за плаќање на студиите за странските редовни студенти за учебната 2021/2022 година изнесува 1000 евра (во денарска противвредност) за една година на сите единици, освен на Факултетот за медицински науки, каде што за една година се наплаќа 1500 евра (во денарска противвредност) и 100 евра (во денарска противвредност) за лабораториски трошоци за секоја студиска година.

 

  1. Во оваа категорија влегуваат и кандидатите странски државјани чии родители или пак тие работат во дипломатските претставништва во Република Северна Македонија.

 

б) Иселеници и државјани на СРМ со завршено целокупно средно образование и со дел на средното образование во странство

 

  1. Кандидатите, државјани на СРМ, кои целокупното средно образование го завршиле во странство, се запишуваат надвор од квотата, најмногу 10% од вкупниот број на студенти коишто се запишуваат во прва година на ниво на факултет.

 

VIII.  Дополнителни квоти утврдени од Владата на СРМ

 

  1. За обезбедување на правична и соодветна застапеност на студентите припадници на заедниците кои не се мнозинство во Р. Северна Македонија, дополнително ќе се запишат студенти припадници на овие заедници, чиј број изнесува најмногу 10% од вкупниот број на студенти коишто се запишуваат во прва година на ниво на факултет. Притоа, во рамките на овој процент, соодветно ќе бидат застапени припадниците на сите заедници до процентот со кој соодветната заедница е застапена во вкупното население во Република Северна Македонија.

На студиските програми, кои освен на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип се застапени и на Универзитетот во Тетово и на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, припадниците на албанската заедница ќе се запишуваат само во редовните квоти.

 

IX.  Рокови за пријавување, проверка на знаења и умеење и запишување*

 

 

РОКОВИ ЗА КОНКУРСОТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ 2021/2022 ГОДИНА

 

I УПИСЕН РОК

 

II УПИСЕН РОК

 

III УПИСЕН РОК

Пријавување на кандидатите* 25, 26 и 27 август 10, 13 и 14 септември 23 и 24 септември
Објавување на прелиминарни

резултати

01 септември 15 септември 27 септември
Приговори на прелиминарни

резултати

2 септември 16 септември 28 септември
Објавување на решение за

прием на кандидатите

3 септември 17 септември 29 септември
Запишување на кандидатите 6, 7 и 9 септември 20 и 21 септември 30 септември и 1

октомври

 

* Проверката на знаења и умеења ќе се врши во организација на факултетите во контакт со кандидатите

 

X.  Документи за пријавување и запишување

 

Пријавувањето и запишување на Универзитетот ќе биде организирано онлајн.

 

Кандидатите поднесуваат/креираат електронска апликација со лични податоци и податоци од средното образование во https://eupisi.ugd.edu.mk. Во рамките на електронската апликација ги плаќаат (електронски) и трошоците за пријавување:

 

  • На студиски програми на кои НЕ СЕ врши проверка на знаења и умеења:
    • 300 денари на жиро-сметка на Универзитетот (приходна шифра 723019 во електронското плаќање при креирање на електронска апликација), и
    • 50,00 денари  административна    такса (приходна шифра ТМ во електронското плаќање при креирање на електронска апликација)
  • На студиски програми на кои СЕ врши проверка на знаења и умеења:
    • 500 денари на жиро-сметка на Универзитетот (приходна шифра 723019 во електронското плаќање при креирање на електронска апликација), и
    • 50,00 денари  административна    такса (приходна шифра ТМ во електронското плаќање при креирање на електронска апликација)

 

По поднесувањето/креирањето на електронска апликација, кандидатот ги доставува физичките документи (оригинали) посред дефинираните термини и локации на сајтот на Универзитет Гоце Делчев – Штип. Потребни документи се:

  • Пријава за упис која се генерира од апликацијата за упис,
  • Свидетелства од 4-те години средно образование + диплома (државна матура, меѓународна матура, без матура),
  • Се доставуваат оригинални документи (не копирани документи заверени кај нотар)
  • Свидетелствата и дипломата стекнати во странство треба да бидат нострифицирани.
  • Извод од матичната книга на родените (не постар од 6 месеци);
  • Доказ за државјанство на РМ (уверение или решение, не постар од 6 месеци).
  • Лицата со посебни права да ги достават дополнителните документи според конкурсот (IV- 8)

 

Во случај на уплата преку институции за ПП (банки, пошти), спомнатите уплати се приложуваат заедно со останатите документи:

Жиро-сметка на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип 100000000063095 Сметка на корисник 1600160330-788-18

Приходна шифра 723019

Програма 44 Образец ПП-50

 

Заинтересираните кандидати се пријавуваат:

Во Штип се пријавуваат кандидати за сите факултети (студиски програми) предвидени во Конкурсот.

Во Струмица за: Правен факултет, Земјоделски факултет, Филолошки факултет, Машински факултет и Технолошко-технички факултет.

Во Скопје за: Факултет за туризам и бизнис логистика и Електротехнички факултет Во Кавадарци за: Земјоделски факултет и Факултет за природни и технички науки. Во Гевгелија за: Факултет за туризам и бизнис логистика.

 

Примените кандидати кои ги има на конечни решенија за прием на: https://upisi.ugd.edu.mk, се запишуваат електронски, преку модулот за пријавување и запишување: https://eupisi.ugd.edu.mk.

Детални информации се истакнати на сајтот на универзитет Гоце Делчев – Штип.

 

Студентот запишан на една студиска програма на некоја од студиските програми на Универзитетот како редовен, во текот на студирањето може да го промени својот статус и тоа:

  • Редовен студент во државна квота во кофинансирање или вонредно студирање или на друга студиска програма со ист статус
  • Не е дозволено префрлување од кофинансирање или вонредно студирање во државна квота

 

 Листа 1: Студиски програми за кои се врши проверка на знаења и умеења

 

Музичка академија

Оддел за Дипломиран музички теоретичар и музички педагог Оддел за Дипломиран етнокореолог

Оддел за Дипломиран музичар изведувач Оддел за Дипломиран џез музичар

 

Ликовна академија Класично сликарство Вајарство

 

Филмска академија

Современ танц

Современ танц (на англиски јазик)

 

 

Студиски програми за кои се врши проверка на психофизички способности Факултет за образовни науки

Одделенска настава

Предучилишно воспитување Педагогија

 

Детални информации за содржините и начинот на тестирањето може да се најдат на веб страната на универзитетот.

 

 

 

 

КОНКУРСОТ Е ОБЈАВЕН НА ВЕ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail