Во Охрид на 6-ти јули започна меѓународната летна школа „Од заедничкото на културите кон взаемно економско влијание и соработка“.
Летната школа е во заедничка организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ од Русија.
Програмата на отворената летна школа нуди уникатен избор на предавања, специјално подготвени и насочени кон развој на стручните комуникативни искуства на идните економисти и раководители, а исто така и на идните менаџери и специјалисти од областа на IT.