Започна неделата за студентите на УКЛО

DSC_0498.jpg

На 15.04.2019 година на Факултетот за Биотехнички науки во Битола се одржа предавање на тема „Спортска исхрана за спортисти и рекреативци“, наменето за студентите на УКЛО.

Станува збор за интересно предвање за исхраната, еден од најважните делови од целокупниот комплексен систем за здрав начин на живот и постигнување резултати во спортското и рекреативното вежбање.

Студентите со видлив интерес го следаа излагањето на спортскиот консултант Николче Костовски посветен на правилната исхрана и здравите биолошки навики.

Со овој настан на УКЛО започна неделата на спортско – рекреативни манифестации за студентите, по повод 40 годишниот јубилеј на Универзитетот.

Пригодата беше повод проректорот за студентски работи на УКЛО, проф. д-р Виолета Маневска да најави низа манифестации и активности посветени од и за студентите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail