fb_event_cover.jpg

Факултетот за електротехника и информациски технологии објави повик до сите студенти, ентузијасти и љубители на роботиката, во којшто ги повикува да се пријават на меѓународниот натпревар по роботика и вештачка интелигенција RoboMac 2020.

Натправарот оваа година се одржува по јубилеен десетти пат. Планирано е да се одржи во периодот од 9 до 14 март.

Како и досега, учесниците на натпреварот ќе имаат можност да работат во парови, да ги употребат своите знаења и вештини, истите да ги надоградат и усовршат, да соработуваат со студенти од земјата и странство, со цел да го освојат првото место во својата категорија. Категориите во кои учесниците може да се натпреваруваат се: Self Racing Cars, Sumo, Line Follower, Maze, Machine learning, Sphero. Покрај тоа ќе имаат можност да присуствуваат на предавања од овие области.

Финалниот натпревар во сите категории ќе се одржи на 14.3.2020 г.

За дополнителни информаци за категориите и регистрација посетете ја официјалната страница на Робомак.

Регистрацијата трае до 9.2.2020. RoboMac 2020 е организиран од Студентскиот огранок на Македонската секција на ИЕЕЕ како и студенти волонтери од ФЕИТ.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail