Започнаа отворените денови на Славјански во Свети Николе

DSC_4475-small.jpg

Денес се одржа првиот отворен ден на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе за 2019 година.

Годинава за прв пат на Меѓународен Славјански Универзитет организиравме отворен ден во форма на саем, со 15 работилници.

15 отворени и забавни работилници започнаа истовремено со работа и преку нив заинтересираните матуранти се запознаа со нашите наставни програми, си ги проверија своите знаења и добија совет за своите идни кариери.

Заинтересираните матуранти можеа да изберат во која од работилниците сакаат да влезат, односно во работилниците за психологија, правни науки, информатика, економија или безбедност.

Денес работилниците се одржаа во две групи, односно во првата група наши гости беа матурантите од СОУ „Кочо Рацин“ од Свети Николе, САБА, СМУ „ Сергеј Михајлов“, ДЕМУ „Коле Нехтенин“, СОУ „Јане Сандански“ и СУ „Димитар Мисарчев“ од Штип, а во втората група наши гости беа матурантите од СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани, Гимназија „Годе Делчев“, СУ „Гоце Делчев“, СУ „Киро Бурназ“ и СОУ „Перо Наков“ од Куманово.

Активностите на утрешниот отворен ден во Свети Николе започнуваат од 11 часот. Ве очекуваме!

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail