45526142_2048089001947220_4442076737706131456_n.jpg

Студенти, одлична можност да дознаете како може да студирате и да имате практична работа во Австрија!

Шпаркасе Банка ве поканува на настанот кој ќе се оддржи на 12.11.2018, со почеток во 13 часот во Sparkasse Room која е дигиталниот креативен простор во Public Room.

На настанот ќе имате можност да ја проследите презентацијата што ќе ја одржат нашите колеги од Службата за Човечки ресурси. Презентацијата ќе ги содржи сите можни информации за тоа што значи да имате можност да се стекнете со академско знаење на некој од австриските универзитети, како и да реализирате пракса во една од најмодернизираните банкарски институции во Австрија.

Шпаркасе Банка е тука за да ви помогне да добиете шанса, а вие покажете дека сте најдобри на Југоистокот!

Ве очекуваме во Sparkasse Room, во Public Room!

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail