milijarderka.jpg

Добитникот на Пулицерова награда, новинарот Џон Керироу, тврди дека со наглиот подем и брзиот пад на “чудото од дете”, Елизабет Холмс, основач на компанијата “Teranos”, е поврзано владеењето на култот на личноста на технолошкиот милијардер.

Токму оваа компанија е идеален пример за заобиколувањето на правилата и користењето на измами, додека во исто време се собираат слава и пари, вели тој.

“Мислам дека не станувало збор за алчност. Воопшто не мислам дека приказната на “Teranos” е за алчност, ниту дека тоа бил мотивот на Елизабет Холмс. Мислам дека таа, како што пишувам во својата книга, била одлучна да влезе во истиот шешир со тие технолошки основачи и милијардери. Го обожувала и му се восхитувала на Стив Џобс, тој бил нејзин идол”, вели Керироу за основачката на компанијата која од почетокот тврдела дека развила едноставен и евтин тест за крв, кој овозможува детекција на цела низа на болести.

Во САД, но и надвор од САД, постои обожување на претприемници-иноватори, и тоа со време се развило во некоја форма на култ, кој има за последица младите да се откажат од факултет, да основаат бизниси, да бараат пари и инвеститори и да влегуваат во легенди.

Токму тоа бил патот и на Елизабет Холсм, која медиумите многу рано почнале да ја нарекуваат гениј и пронаоѓач над пронаоѓачите.

“Проблемот е во тоа што таа на својот пат прекршила милиони пишани и непишани правила. Имало хакирање, крадење на технологии од други компании, продавање на лаги дека тие тестови може да се направат со најмала капка крв. За тоа да го овозможат, ги хакирале и измениле начините на работа на комерцијалните, веќе ефективни машини и тестирањето го направиле помалку точно. И, на тој начин, директно загрозувале животи”, вели Керироу.

На тој начин ги мамела инвеститорите од кои барала средства, апсолутно ги уверувала дека тој производ е докажано успешен, точен и подготвен за заработка.

“Но, би рекол дека “Teranos” имал две фази. Првата била фаза кога Холмс сите ги заслепила со својата визија, и поединци како Тим Дрејпер, Дон Лукас и Лери Елисон и дале пари. Тоа е типична почетничка фаза по која девет од десет компании пропаѓаат, а само една станува успешна, а уште поретко – многу успешна”.

Но, тие бројки и статистики ги знаат и инвеститорите, но одлучиле да и дадат пари на Холмс, бидејќи била динамична и делувала како жена со визија – вели авторот и потсетува дека “Teranos” официјално станал измама многу подоцна, и дека во текот на неговата 15-годишна историја биле собрани повеќе од 700 милиони долари на тоа дека “производот е успешен бидејќи го продавал Волгринс”, фармацевтски гигант во САД.

Од една страна постои директна штета над пациентите со неточни тестови за крв, а од друга страна и мамење на инвеститорите. Култот на старт-апови, иноватори и идеи често заматува еден важен фактор, а тоа е дека постои етика и во претприемништвото, односно дека и тие со голема амбиција и визија и натаму мора да играат по истите правила како и остатокот од општеството.

“Култот на претприемници-иноватори не би смеел да биде параван за криминал. Секогаш ќе се најдат оние кои ќе најдат начини да ги заобиколат правилата и законите. Се надевам дека “Teranos” и целиот скандал ќе останат долго во сеќавањето на граѓаните, менаџерите и претприемнците и во Силиконската долина, и дека тоа ќе ги потсетува дека заобиколувањето на регулативите, посебно во здравството, не е во ред”, заклучува Керироу.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail