Заради заштита на личните податоци, украдените уреди ќе се самоуништуваат

smart.jpg

Научници од Саудиска Арабија изработија систем што овозможува лаптопите, таблетите и смартфоните, доколку бидат украдени, да се самоуништат, со цел личните податоци да не дојдат во погрешни раце, пишува порталот ЗД Нет.

Механизмот е дело на тим научници од Универзитетот за наука и технологии „Крал Абдула”, предводени од Мустафа Хусеин. Тој може да биде вграден и во стари или веќе користени уреди.

Се работи за полимери, кои по кражбата по надворешна команда на сопственикот, која се испраќа преку ГПС, за само неколку секунди го уништуваат уредот одвнатре.

Цената на самоуништувaчкиот механизам нема да надминува 15 долари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail