Заспана убавица: Најопасниот метод за слабеење што го забрануваат сите доктори

img-339789.jpg

Луѓето добиваат неверојатни идеи како да ослабат, а тоа да не подразбира вежбање и здрава исхрана. Овој метод на слабеење ги премина сите граници.

Предупредување: Не се обидувајте да слабеете на овој начин!

Дали сте слушнале за методот „Заспана убавица“? Станува збор за опасен тренд (не може ни да го наречеме диета, зошто нема врска со здрав режим на исхрана) што зема голем замав меѓу жените кои очајно сакаат да ослабат.

Тие земаат седативи за да спијат повеќе и на тој начин да јадат помалку и да ослабат.

Нивната логика е дека наместо да уживаат во вкусна храна, ќе земат неколку седативи и ќе го преспијат поголемиот дел од денот и така ќе одбегнат да јадат. Оваа „диета“ подразбира минимално внесување калории, спиење десет часа дневно, плус ноќниот сон.

Нема да ви се верува колку луѓе на социјалните мрежи пишуваат дека ова е „идеална диета за оние кои имаат вишок слобдно време“.

Јасно е дека „диетата“ никако не смее да биде ваша опција за слабеење.

„Доволната доза сон е важен чекор во превенција на дебелеењето бидејќи недостигот на сон ги тера луѓето да јадат повеќе слатки и калорична храна за да имаат енергија. Меѓутоа, и премногу сон може да биде штетно и да доведе до опуштање на мускулите и забавување на метаболизмот“, вели нутриционистот Мет Јуни.

Покрај тоа, последиците од злоуотребата на седативи и апчиња за спиење може да бидат опасни по здравјето.

„Не само што може да се создаде зависност, туку може да предзивика психички проблеми и срцев удар“, вели доктор Клер Морисон.

Затоа, ако сакате да ги намалите килограмите, побарајте режим на исхрана и вежбањешто ќе одговара на вашите потреби и цели и ослабете на здрав и одржлив начин.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail