Затворени двата најголеми црни интернет-пазара

pazar.jpg

Два од најголемите црни интернет-пазари се затворени по меѓународната истрага за спроведување на законот, пренесува Би-би-си. Интернет-порталите „Алфабај“ и „Ханза“ се поврзуваат со трговија со недозволени предмети, како што се дрога, оружје, малициозен софтвер и украдени податоци.

Според Европол, имало повеќе од 250.000 листи за нелегални лекови и токсични хемикалии на „Алфабај“.

„Ние знаеме за неколку Американци кои беа убиени од дрога на „Алфабај“, изјави американскиот државен правобранител Џеф Сесии.

„Една жртва имала само 18 години кога во февруари се предозирала со моќен синтетички опиоид што го купил на „Алфабај“.

Во операцијата соработувале полициите на САД и Европа. Истрагите ги водеше американското Федерално биро за истраги (ФБИ), Агенцијата за спроведување дрога на САД (ДЕА) и холандската национална полиција.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail