Затворите во Холандија се толку празни што ги претвораат во засолништа за бегалци

holandija-zatvor.jpg

Холандските затвори многу брзо се празнат – бројот на затвореници во земјата се намали од 20.463 во 2006 година на 10.102 во 2016 година. Тоа е еднакво на околу 59 затвореници на 100.000 жители според последната статистика. За споредба, во САД, каде што има највисока стапка на пораст на бројот на затвореници, има 666 затвореници на 100.000 жители или тоа е вкупно повеќе од 2,1 милиони затвореници.

Нискиот број затвореници во Холандија главно е резултат на лабавите закони за употреба на дрога, фокусирањето на рехабилитација и мониторинг системот за електронски алки околу нозете. Тие мерки резултираа со затворање на повеќе затвори во земјата последните години.

Еден од тие затвори е Bijlmerbajes во Амстердам, кој беше затворен во 2016 година. Додека се чека на пренамена на земјиштето, затворот е претворен во центар за креативни идеи Lola Lik, каде што има и простор за стартапи, училиште за јазици и кафетерија. Друг е центарот за бегалци Wenckebachweg refugee centre, каде што околу 1.000 луѓе имаат сместување додека бараат азил.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail