Зависноста од видео игрите е прогласена за болест: Меѓу 100 гејмери, двајца или тројца имаат пореметување

igra.jpeg

Светската здравствена организација ја прогласи зависноста од видео игри за болест. Колку луѓе се забавуваат со видео игрите најдобро покажува фактот дека индустријата на видеоигри е поголема од филмската индустрија.

„Меѓу 100 луѓе кои што играат видео игри, две или три лица според груба проценка имаат пореметување. Оваа класификација ќе ни помогне да ја подобриме грижата за здравјето и да собереме повеќе податоци“, изјави Шекар Саксен од Светската здравствена организација.

Сепак, има и противници на ваквата одлука на Светската здравствена организација. Некои психолози тврдат дека зависноста од видео игри е дури секундарна дијагноза, затоа што многумина ги користат видео игрите за сузбивање на депресијата и анксиозноста.

„Според нашите критериуми, тоа најчесто не е примарен проблем. Значи, секогаш постои некоја причина која што се однесува на детето, на семејството или на нешто од неговиот живот, поради што тоа одлучува да „побегне“ кај видео игрите“, вели психологот Миа Роје.

Според психолозите, сепак треба да се земат во предвид многу работи, како на пример дали тоа е емоционален начин на саморегулација, за соочување со проблемите, или пак луѓето ги користат видео игрите само за забава.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail