Заврши исплатата на ученичките и студентските стипендии

opstina-ohrid-e1637395064912.jpg

Заврши исплатата на ученичките и студентските стипендии, за кои од буџетот на Општина Охрид беа наменети вкупно 3.928.500 денари, информираат од општината.

Деновиве беше извршена исплатата на последните три рати од стипендиите кои се доделуваат за период од 9 месеци. Доделувањето на стипендиите кое беше извршено врз основа на јавни конкурси е во насока на мотивација на талентираните ученици и учениците со посебни достигнувања, за помош и поддршка на ученици и студенти кои живеат во потешки социјални услови. Оваа година за прв пат беа предвидени стипендии за лица со посебни потреби и ретки болести, велат во соопштението.

Исплатени се вкупно 137 стипендии за ученици од основно образование во вкупен износ од 1.849.500 и 92 стипендии за ученици од средно образование со вкупен износ од 1.242.000 денари. На 15 студенти им се исплатени вкупно 405.000 денари, а на 30 лица со посебни потреби и ретки болести им се исплатени вкупно 432.000 денари, се додава во соопштението од Општина Охрид.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail