Заврши он-лајн конференцијата за миграција 2020 година

Zavrshi-on-lajn-konferencijata-za-migracija-2020-godina.png

Заврши он-лајн конференцијата за миграција 2020 година

Факултетот за современи општествени науки успешно ја заврши Конференцијата за миграција во 2020 година, која во услови на пандемија „Ковид 19“, се одржа он-лајн, во периодот од 8-11 септември.

Во текот на овие 4 дена беа презентирани скоро 350 трудови од различни области на миграција и беа организирани 2 пленарни сесии и тркалезна маса.

Експертите од областа на миграцијата се осврнаа на различни аспекти на овој феномен, презентирајќи истражувања, модели за решавање на овој проблем и презентираа конкретни резултати поврзани со оваа чувствителна глобална сфера.

Вработените од Факултетот за современи општествени науки, деканот проф. д-р Мемет Мемети, и ко-претседавачот на оваа конференција, проф. д-р Мерита Зулфиу-Алили, постојано придонесуваа за напредокот на овој академски настан.

Извор: УЈИЕ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail