sredba.jpg

Со доделување на наградите „Книжевна далга“ и „Бранувања“ во Струга заврши 9-тото издание на фестивалот „Струшки книжевни средби“.

На манифестацијата, која изминатите три дена се одржуваше во Струга, Охрид и Вевчани, во организација на културниот центар „Бран“ и ревијата „Бранувања“ учествуваа 50 поети од земјава и странство.

Во рамки на фестивалот покрај врачувањето на наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“ на Даниела Андоновска – Трајковска и Игор Крајчев, беше доделена и постхумно благодарница на Владо Малески за уметничкиот влог во создавањето на химната и неговиот придонес во градењето на слободна Македонија.

Во Спомен домот на Браќа Миладиновци се одржа стручна работилница на тема „Придонесот на списанијата во развојот на современата македонска култура и уметност: 75 години од ослободувањето.

Учесниците имаа можност да читаат поезија на различни локации во Вевчани, Струга и во Охрид.

(МИА)

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail