Завршија Универзитетските спортски натпревари на УКИМ

133703968.jpg

По нешто повеќе од три месеци натпреварување, вчеравечер и официјално завршија Универзитетските спортски натпревари на студентите од факултетите при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

На завршницата што се одржа во спортската сала „Македонски Херои“ при Факултетот за физичко образование спорт и здравје, пред свеченото доделување на медали се одиграа и финалните натпревари во машка конкуренција во три спорта.
Годинава на игрите настапија речиси 1.000 студенти од 19 скопски факултети, во двете конкуренции (мажи и жени) во спортовите: мал-фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, стрелаштво, пинг-понг и шах.
Очекувано на крајот најуспешни беа студентите на Факултетот за физичко образование спорт и здравје, кои освоија вкупно 9 медали од кои 8 златни и 1 сребрен.
Токму затоа Факултетот за физичко образование, спорт и здравје го понесе признанието и за „Најуспешна факултетска екипа“, додека екипата на Машински факултет во мал-фудбал ја доби наградата за „Фер-плеј“.
Ректорот на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, Проф. д-р Никола Јанкуловски честитајќи им на победниците, но на сите учесници и во лигата истакна дека е задоволен од ангажманот на студентите, но и професорскиот кадар, деканските управи на факултетите кои со својот ангажман придонеле за зголемување на бројот на студентите кои партиципирали во натпревраувањето.
– Особено ме радува што од година во година се поголем број студенти се учесници во ова натпревраување, со што се зголемува и квалитетот на натпреварите. Не случајно на сите факултети се воведени задолжителни часови по спорт и здравје. Впрочем, преку спортот било тоа рекреативен или професионален и добрата едукација може да изградиме идни квалитетни генерации кои треба да бидат двигател на нашата земја, изјави Јанкуловски.
Универзитетска лига на УКИМ, распределба на медали:
МАЛ ФУДБАЛ-МАЖИ:
1.место  Факултетот за физичко образование спорт и здравје (ФФОСЗ)
2.место  Машински факултет
3.место  Стоматолошки факултет
КОШАРКА-МАЖИ
1.место  Факултетот за физичко образование спорт и здравје (ФФОСЗ)
2.место  Машински факултет
3.место  Правен факултет „Јустинијан Први“
КОШАРКА-ЖЕНИ
1.место Факултет за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ)
2.место Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
3.место Медицински факултет
РАКОМЕТ – МАЖИ
1.место  Факултетот за физичко образование спорт и здравје (ФФОСЗ)
2.место  Машински факултет
3.место  Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ)
РАКОМЕТ – ЖЕНИ
1.место  Економски факултет
2.место  Факултет за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ)
ОДБОЈКА – МАЖИ
1.место  Факултет за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ)
2.место  Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
3.место  Медицински факултет
ОДБОЈКА – ЖЕНИ
1.место  Факултет за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ)
2.место  Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ)
3.место  Медицински факултет
СТРЕЛАШТВО СО ВОЗДУШНА ПУШКА – МАЖИ
1.место  Јаневски Леон, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
2.место  Несторовски Томе, Факултет за земјоделски науки и храна
3.место  Бранковски Борјан, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
СТРЕЛАШТВО СО ВОЗДУШНА ПУШКА – ЖЕНИ
1.место  Балабан Нина, Правен факултет „Јустинијан Први“
2.место  Килич Фатма, Медицински факултет
3.место  Милошевска Сандра, Филозофски факултет
ПИНГ-ПОНГ – МАЖИ
1.место  Апостолоски Живко, Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ)
2.место  Стомнароски Антонио, Природно-математички факултет (ПМФ)
3.место  Петковски Мики, Фармацевтски факултет
ПИНГ-ПОНГ – ЖЕНИ
1.место  Иванова Ангелина, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
2.место  Угриновска Ангела, Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ)
3.место  Талевска Ана, Фармацевтски факултет
ШАХ – ТУРНИР
1.место Беатовиќ Бојана, Правен факултет „Јустинијан Први“ (севкупен победник)
ШАХ – само машка конкуренција
1.место  Георгиевски Доне, Фармацевтски факултет
2.место  Стојчевски Мартин, Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ)
3.место  Лазаревски Предраг, Градежен факултет
ТЕНИС – МАЖИ
1.место  Иванов Коста, Факултет за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ)
2.место  Јанкоски Кристијан, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
3.место  Јосифоски Игор, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
ТЕНИС – ЖЕНИ
1.место  Алексиќ Јелена, Факултет за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ)
2.место  Котевска Тамара, Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ)
3.место  Илиевска Тијана, Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

Следната сезона во Универзитетската спортска лига на УКИМ се очекува уште поголема масовност, со оглед на тоа дека ќе бидат воведени и натпревраи во нови (други) спортови.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail