Завршил 15 факултети и има 30 години помлада жена

italijan-diplome-1.jpg

Лучијано Бајети живее во градот Велтри сместен во ридовите над Рим и деновите ги поминува во својата мала куќа и градина.

Она што го разликува од другите луѓе е тоа што тој секогаш околу три сатот на сабајле ги вади книгите и почнува да учи. Тој веќе има 15 дипломи и мастер диплома од различни универзитети од Италија и веќе на големо се припрема да се стекне и со својата 16 диплома.

Благодарение на книгите се чувствувам слободно. Бездруго и двата збора значат слобода, укажувајќи на италијанските зборови „либро“ што значи книга и „либеро“ што значи слобода.

Овој поранешен директор на средно училиште во 2002 година стигнал и во Гинисовата книга на рекорди како човек со најмногу факултетски дипломи во светот. Тогаш веќе имал завршено осум факултети, а осмиот бил машински.

Покрај машински тој завршил и социологија, книжевност, политички науки и филозофија и други, при што поголемиот број од нив ги завршил на еден од најстарите и најпрестижните универзитети – римскиот „Ла Сапиенца Универзитет“.

Од тогаш завршил уште седум факултети, како криминалистика, политички науки и војна стратегија кој го завршил на Торинскиот универзитет и факултетот за туризам кој го завршил овој месец во Наполи.

Секогаш си поставувам нов предизвик да видам колку моето тело и мојот мозок може да издржи, вели Бајети кој својата кариера ја започнал како наставник по физичко.

Неговата 30 години помлада жена која стоички го издржува своето темпо го опишува својот маж како вистински лик познат во нивниот град

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail