Завршила дипломатија, вози камион, работи во оптика

sara.jpg

Ги советувам сите жени да вложуваат во себе, да се трудат што повеќе, да се борат за себе, бидејќи сигурно на крај тоа ќе им се исплати”, изјави Ања Лукајиќ од Бања Лука по повод Меѓународниот ден на жената.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

На 26 години, освен што дипломирала на Факултетот за политички науки, меѓународни односи, Ана е и оптичар, козметичар, тениски судија, модел и возач на камион.

Факултетската диплома до сега не ја искористила, но без оглед на тоа нејзиниот работен ден трае 15 часа.
” Во оптиката работам 8 часа во денот, а во козметичкиот салон по потреба, во зависност од тоа колку клиенти имаат закажано”, говори Ана за “Анадолија”.

“Имав желба да се занимавам со политички науки, но не добив можност, па се насочив на друга страна. Не се откажав”, вели таа.

Ана е девојка која ги урива предрасудите и за неа не постои разлика меѓу машка и женска работа.

Кога станува збор за возењето камион таа вели: “Не знам, се помина многу нормално. Татко ми се занимава со превоз, па одлучива да полагам и јас, иако сум девојка”.

Додека нејзиниот татко и ја пренел љубовта кон возилата, нејзината мајка е заслужна останатите насоки на Ана.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top