Завршна изложба на студентите на ФЛУ 2018

Zavrshna-izlozba-na-studentite-na-FLU-2018.png

Завршна изложба на студентите на ФЛУ 2018

Како и изминатите неколку децении, така и оваа година, Ве покануваме на „Годишна изложба на студентите од Факултетот за ликовни уметности- Скопје“ (ФЛУ).

17ти мај (четврток), 20 часот,

Галерија ФЛУ

Отворање на Годишната изложба на студентите од ФЛУ. Доделување на наградите „Борко Лазески“ и „Четири мајстори на модернизмот“, како и награди за највисок успех на студентите од четврта година.

Изложба на дела од студентите од катедрите по сликарство, вајарство и ликовна педагогија.

Музичка програма: Скопски Грув (колективот кој организира настани и забави, кои имаат за цел да го издигнат урбаниот и културен живот) поддржано од Red Bull.

DJ Double G

 

18 мај (петок), 20 часот

Сули Ан

Изложба на студентите од катедрата по графика и модулите: графички дизајн, конзервација и реставрација.

Поставка на мозаици изработени по предметот Сликарски техники, а атмосферата ќе биде збогатена со Онија Блузерине, бендот кој ќе го надополни пријатниот амбиент во Сули Ан, во старата скопска чаршија.

Двете вечери ќе ја имаме поддршката од Red Bull, добредојдени сте сите.

Ве очекуваме.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail