Завршна конференција на проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“

usaid-1.jpg

Во Скопје денеска ќе се одржи конференција по повод завршување на проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“, каде ќе се претстават главните постигнувања од петгодишното спроведување на проектните активности.

На настанот ќе се обратат претставникот на УСАИД во Македонија Дејвид Атебери и министерката за образование и наука Рената Дескоска.

Ќе бидат изложени и продукти од наставници како учесници во проектот, како што се наставнички портфолија, постери и рачно изработени сликовници.

Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ има за цел да ја процени и подобри раната јазична и математичка писменост, да ги подобри педагошките вештини на наставниците и да ја информира целата јавност како вештините по читање и математика придонесуваат за интелектуалниот развој на учениците.

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ – Македонија го спроведува овој проект. Проектот нуди иновативни пристапи и активности, како што се Библиотека на тркала и збирка ресурси за учење во печатена и дигитална форма. Алатките за процена на рана јазична и математичка писменост (ЕГРА и ЕГМА) кои се развиени од страна на УСАИД, во рамки на овој проект се адаптирани на локалните јазици и се користат во основните училишта.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail