Завршна конференција за проектот „Пат до вработување“

133491402.jpg

– Со завршна конференција денеска ќе биде означено официјалното завршување на проектот „Пат до вработување – развивање нови вештини и знаења за невработени лица“.

Проектот беше спроведуван во изминатите 24 месеци, со поддршка на Еразмус+ програмата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Тренинг центарот Ц.Е.С.

На денешната конфренеција ќе бидат презентирани резултатите од реализацијата на проектот и позитивните искуства што произлегоа од за невработените лица во Македонија, Бугарија, Полска и Романија.

Тренинг центар Ц.Е.С најавува уште два други проекта за помош на невработените. Едниот проект е Мрежа на вешти готвачи и келнери каде се остварува соработка со партнерите од Инсигнаре од Португалија и Енгина од Италија. Вториот проект од програмата Еразмус+ на кој Тренинг центар Ц.Е.С ќе работи во следните 30 месеци се однесува на семејната писменост. Ова е проект што се спроведува со повеќе земји (Романија, Бугарија, Македонија, Словенија) и во него активно се вклучени библиотеки и тренинг центри.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail