Збогум Касини! – Сондата за кратко време ќе се распадне над Сатурн

cassini2-800x505.png

Сондата Касини која го следеше Сатурн и неговите 62 месечини од јули 2004 година и која обезбеди податоци и сознанија за најмалку 4.000 научни трудови, денес ќе се распадне над Сатурн.

Врската на Касини со Земјата е предвидено да биде прекината денес околу 13.55 часот по средноевропско време. Канцеларијата на НАСА во австралискиот главен град Канбера ќе прима информации од Сондата до самиот крај.

Иако телескопите на Земјата најверојатно нема да го забележат овој настан, NASA TV ќе врши пренос во живо на Twitter од контролната соба на програмата Cassini.

Меѓународниот проект Cassini детално го истражи Сатурн и неговите месечини, а пошироката јавност ќе го памти ова летало по сензационалните фотографии и откритија што укажуваат на можноста дека постои живот во далечните делови на Сончевиот систем.

Мисијата вредна 3,26 милијарди долари беше почната во 1997 година и досега леталото има поминато 7,9 милијарди километри и има направено 453.000 фотографии и има собрано 635 гигабајти научни податоци, но најважно од сѐ е што на научниците им даде увид во хемискиот состав на сатурновите месечини Европа, Енцелад и Титан.

извор: enauka.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail