Збогум на пластиката: Научници создале водени меурчиња кои се јадат

Vshlb-cover6.jpg

Научниците осмислиле нов производ кој би требало во потполност да ги замени пластичните шишиња.

Пред три години, тројца инженери од британската организација „Skipping Rocks Lab” создале водени балони кои се јадат.

Нивната цел е да соберат доволно пари за да може нивниот производ кој е наречен „The Ooho” да се најде на пазарот. Тие изјавиле дека нивната цел и мисија е да исчезне амбалажниот отпад.

„Ooho” претставува одржлива замена за пластичните шишиња и чаши. Балоните се изработени од натриум алгинат, земен од кафеави алги и калциум хлорид. Во нив може да се направи дупче преку кое ќе се пие водата или може да се консумираат цели.

 

Водените меурчиња можат да се користат и за пакување на разни други течности за пиење, но и за козметика. Изработката на ваквите пакувања е многу поекономично од пластиката, која воедно е бр. 1 загадувач на животната средина.

Засега се изработени балони кои имаат капацитет од 250 мл. вода, а истите чинат само два центи.

Тимот, преку страницата за собирање средства досега собрал повеќе од 600.000 фунти и се надева дека веќе во рок од година дена ќе почне со продажба на нивните балони на музичките фестивали, маратоните и други слични настани.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail